По цели 40 години се реконструира улица Скоевска во должина од 1800 метри и ширина 6 метри вклучивајќи ги и четирите краци.

Денес заедно со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, направивме увид во започнатите градежни активности на улица Скоевска се наоѓа во лоша состојба и за многу скоро ќе биде целосно реконструирана.

Со реконструкцијата на улица Скоевска во должина од 1800 метри предвидено е целосно машинско вадење на асфалтот, поставување на нов тампон и поставување на два слоја асфалт.

Исто така ќе се постават и нови ивичњаци, а онаму каде што е потребно дополнително ќе се постават сливници и решетки со што ќе го надминеме долгогодишниот проблем со поплавување на домовите при надојдените води.

Ова е едно големо барање на граѓаните од населба Радишани кое го реализираме уште во првата година.

Вредноста на овој проект е околу 20 милиони денари при што постигнато е намалување на цената со електронска јавна аукција за околу 20% од проценетата вредност. Средствата се издвоени од буџетот на Град Скопје а Општина Бутел ја изготви целата техничка документација.

Благодарност до градот Скопје и градоначлничката за добрата меѓуопштинска соработка. Градежното лето е во полн ек!

Го менуваме ликот на општина Бутел!



Автор: Администратор
Објавено на: 09/08/2022 14:08