Од 9.30 часот денеска прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците на улиците „Св. Прохор Пчињски” и „Македонски кралеви”, соопшти ЈП Водовод и канализација-Скопје.
Прекинот во снабдувањето со вода е поради изведување водоводен приклучок ф-100 мм на крстосницата на „Св. Прохор Пчињски” и „Македонски кралеви” и ќе трае до завршување со работните активности.