ЕВН Македонија известува дека поради веќе закажани тахнички зафати во системот, без електрична енергија ќе останат дел од жителите на општините Кисела Вода, Карпош и Сопиште.
Од 09.00 – 12.00 часот без струја ќе бидат корисниците на улица „Христо Татарчев“ – подулица 22, во општина Кисела Вода.
Од 10.00 – 12.00 часот дел од улица „Востаничка“, непарни броеви околу бројот 13-б, општина Кисела Вода.
Од 09.00 – 13.00 часот дел од ул. Иван Цанкар и од 10.00 – 13.00 часот ул. Каирска, општина Карпош.
Во време од 12.00 – 15.00 часот без струја ќе бидат дел од жителите на Горно Соње, мв Под Црква, во Сопиште.