Одбојкарскиот шампион Струмица Никоб ги почна подготовките за новата сезона, во која ќе настапува и во европските клупски натпреварувања.

Како што информираше тренерот Кирил Ричлиев, во тимот се врати репрезентативецот Стојан Илиев, кој е првото засилување за новата сезона, а денес треба да се приклучи и Александар Злобин, кој и годинава останува во Струмица.

– Покрај него, доаѓаат уште двајца негови сонародници – примачот Максим Михаилов, кој доаѓа од екипата на Будва од Црна Гора и Алексеј Лободин, кој игра на центарската позиција. Задутре треба да ни се приклучи и репрезентативецот Филип Деспотовски, рече Ричлиев. Покрај засилувањата во екипата, на првиот стратег на струмичани ќе му помага Атанас Милев.

Од клубот додаваат дека официјалното претставување на комплетниот тим и стручниот штаб, како и плановите и целите на клубот е закажано за крајот на овој месец.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/08/2022 11:41