Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во второто тримесечје од 2022 година е намалено за 4,4 отсто во однос на второто тримесечје од 2021-ва, а продажбата на шумски сортименти изнесува 131 587 метри кубни и бележи зголемување за 1,4 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.
Зголемување на шумското производство е забележано кај рудничкото дрво од иглолисни и листопадни видови, друго обло дрво од иглолисни видови, огревното дрво од иглолисни видови и друго грубо обработено дрво, цепeници, дрвени столбови и колци, додека намалување има кај трупците од иглолисни видови и листопадни видови, просторното дрво од иглолисни видови и огревното дрво од листопадни видови.