Следните пет дена, почнувајќи од утре до понеделник, од 9 до 15:30 часот, ќе има прекин во водоснабдувањето во скопското село Љубанци.
Како што информираaт од јавното претпријатие „Водовод и канализација“, корисниците ќе бидат без вода поради реконструкција на водоводна мрежа и технички зафати во каптажата во село Љубанци.