Најдобрата тенисерка на светот, Ига Швјонтек откри што значи за неа серија од 37 победи во првиот дел од сезоната и освоените шест титули.
– Знам дека многумина освоија уште повеќе, но горда сум на она што го постигнав во првата половина од сезоната. Се надевам дека ова ќе ми помогне послободно да го играм вториот, бидејќи веќе не морам ништо да докажувам. Од друга страна, успехот може да додаде притисок. Затоа, се трудам да не размислувам за она што се случило во минатото, туку да се подготвам за она што претстои. Нема да се фокусирам само на победа, победа, победа. Затоа што сè уште сакам да го подобрам мојот тенис. По Ролан Гарос и Вимблдон имав време и за одмор и за тренинзи, изјави Швјонтек.
Вечерва од 19 часот, Швјонтек ќе се сретне со Ајла Томљановиќ од Австралија на ВТА турнирот во Торонто, Канада.