Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски во објава на официјалната страна на фејсбук ги информираше граѓаните за воведувањето на новиот мониторинг систем за службените возила на општина Гази Баба.

Во објавата градоначалникот Стефковски напиша:

Воведен е 24 часовен мониторинг систем на движењето на службените возила на општина Гази Баба. Со цел рационално искористување на општинските ресурси воведен е мониторинг систем на движењето на службените возила. Во општина Гази Баба се работи чесно и домаќински! Овој систем произлезе како барање на граѓаните кои во минатото биле сведоци на злоупотреба на службените возила. Нема веќе користење на службените возила за приватни цели. На крајот од работниот ден сите службени возила се оставаат на паркингот пред општината. Градоначалникот и општинската администрација се во општината за да им служат на граѓаните, а не да вршат злоупотреба на ресурсите! - напиша Стефковски



Автор: Администратор
Објавено на: 11/08/2022 11:55