Без напојување со електрична енергија утре неколку часа ќе бидат корисниците во делови од општините Гази Баба, Студеничани и Чучер Сандево.

Причина за прекинот во снабдувањето со струја се закажани технички зафати во системот на електрична енергија.

Од 8 до 10.30 часот без струја ќе бидат корисниците во дел од улицата „Tашко Караџа“ број 8 во Автокомандa во општина Гази Баба, од 08.30 до 13.30 часот дел од улица „3“ во село Љубош во општина Студеничани, а 9 до 12 часот село Долно Блаце во општината Чучер Сандево.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/08/2022 12:55