Меморандум за соработка потпишаа Занаетчиската комора и Агенцијата за поддршка на претпримеништвото.

Претседателот на Занаетчиската комора на Република Македонија, Агрон Фазлији и директорот на Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Македонија, Хајрула Мисини, потпишаа меморандум за соработка кој, како што информираат од Занаетчиската комора ќе придонесе за поддршка на занаетчиите во земјата, соопштија денеска од Комората.

– Целта на овој Меморандум е да се изрази заложбата за заедничка соработка и заемна поддршка во понатамошните активности и соработка во делот на поддршка и унапредување на претприемништвото и подобрување на условите за работа и стандардот на занаетчиите, како и за остварување на заеднички интереси и меѓусебна соработка на двете институции. Потписниците на овој Меморандум ќе соработуваат во насока на намалување на невработеноста во Република Македонија преку поттикнување на вработувањето и самовработувањето, информираат од Комората.

Во рамки на Меморандумот и разговорите, на Комората и Агенцијата, предвидена е и можност за активности за волонтери со што младите ќе можат да стекнат поголемо искуство во занаетчиските активности.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/08/2022 15:27