Полската тенисерка Ига Швјонтек која е првопласирана на ВТА-листата, загуби во третото коло на турнирот во Торонто. Таа синоќа во три сета загуби од Бразилката Беатрис Хадад Маиа.
Бразилката го доби првиот сет со 6:4, Швјонтек возврати во вториот со 6:3, а во решавачкито трет сет беше 7:5 за Маиа. Мечот траеше три часа и една минута.
Следен противник на Маиа ќе биде победничката од мечот меѓу Белинда Бенчиќ и Гарбине Мугуруза.
Наградниот фонд на ВТА турнирот во Канада изнесува 2,5 милиони долари.