Ѓорче Петров добива нови рекреативни зони. Завршено е мапирањето на велосипедската и пешачката патека во с.Кучково.
Мапирани и обележани се
8 км. пешачка и
4,5 км. велосипедска патека во кружна форма.
Жителите на општината и градот Скопје добиваат одлично урбанизирано место за спорт и рекреација во најубавиот туристичко-планински предел во општина Ѓорче Петров.
Поставени се:
4 видиковци
5 информативни табли со мапи, 15 информативни табли за културни знаменитости, 23 патокази, корпи за отпад, клупи и столбчиња за одбележување на трасата.
Инвестицијата е на Биро за регионален развој при Министерството за локална самоуправа и на општина Ѓорче Петров, а постапката ја спроведуваше Центарот за развој на скопскиот плански регион.