Американската компанија „Спејс Икс“ успешно ја лансираше ракетата Фалкон 9 со нова рунда микросателити Старлинк, се наведува во соопштението на веб-страницата на компанијата.

Лансирањето од локацијата на американската вселенска база Ванденберг во Калифорнија, се случи вчера во 14:40 часот по локално време, а во ниската орбита на Земјата беа лансирани 46 микросателити.

Мрежата Старлинк е создадена за да обезбеди пристап до интернет со распоредување на голем број сателити со тежина од 260 килограми.

„Спејс Икс“, компанијата на американскиот милијардер Илон Маск, проценува дека лансирањето на вку но 11.000 сателити и нивното пуштање во употреба ќе чини 10 милијарди долари.

Од мај 2019 година, компанијата испрати повеќе од 2.500 сателити Старлинк во орбитата.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/08/2022 09:23