Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски е прогласен за најкорисен играч на синоќешниот дуел што го имаше неговиот тим Рајо Ваљекано со Барселона.

Димитриевски ја зачува „сува“ својата мрежа (0:0) и е најзаслужен за освоениот бод на Рајо на гостувањето на „Камп Ноу“.

Со десетина одбрани Димитревски веќе трет натпревар по ред успева да не прими гол од шпанскиот фудбалски великан.

Инаку, во текот на минатата сезона, токму Барселона пројавуваше интерес за да го потпише македонскиот чувар на мрежа.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/08/2022 09:46