За првпат од своето постоење, Општина Аеродром во една буџетска година ќе потроши 0 денари за репрезентација и патни трошоци. За споредба, во 2021 година, до почетокот на мандатот на градоначалникот Тимчо Муцунски за угостителски услуги биле потрошени 167.279,00 денари, а за патни трошоци 155.941,00 денари.

Ова е година на голема криза која сериозно го погоди и намали буџетот на Општината. Единствениот начин да инвестираме и да чекориме напред, е токму преку отстранување на непродуктивните трошоци кои служат за лични привилегии и немаат никаков директен бенефит за аеродромци.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/08/2022 13:04