Според најавите на властите оваа компанија треба да инвестира 130 милиони евра, а од нив дури до 35% да бидат државна помош. Тоа значи дека од буџетот на сите граѓани ќе бидат исплатени над 47 милиони евра. Највите се дека овде ќе бидат вработени 890 луѓе. Тоа значи дека за секој вработен државата би платила фантастични до 52 илјади и 800 евра. Домашните бизнисмени се револтирани зашто владата најавува енормна помош за само еден странски инвеститор, а за нив најавува само поголеми давачки.

Ако државата дава 47 милиони евра како субвенции на фабриката за електрични возила во Тетово, тоа треба да го прави за сите компании, посебно за домашните, а не само на фирми блиски до власта. Стопанството критикува дека во време не криза, не логично е да се фрлаат толкави пари на странски инвеститор. Секоја нова компанија е добро што ќе се отвори, но тоа не може да се прави без тендер и со договор во четири очи, велат бизнисмените. Прашуваат зошто немаше меѓународен тендер за 130 милиони евра субвенција за фабрика за електрични возила.

За жал, или како недостаток, пошироката јавност нема увид во бизнис планот, во договорот. Не знам кој сето ова го оценувал. Ова треба да биде во насока на многу други бизниси, но можам да кажам дека субвенциите во одредени сегменти потфрлуваат, во одредени секменти се покажуваат како, мислам дека оваа постапка треба да биде транспарентна, и се надевам дека тоа така и ќе се докаже на крај, вели за Алфа Миле Бошков, претседателот на Бизнис конфедерација на Македонија. Дека државата дефинитивно потфрли со странските инвестиции потврдуваат бизнисмените, а тоа според нив, се должи на лошата владина политика и слабата администрација која е нефункционална.

Слабата реализацаија е наследно од слабото системно управување со администрацијата, до некаде и до лошата владина политика, но главно до слабата администрација која е нефункционална и неупотреблива, додава Бошков за Алфа.

Првиот човек на ТИРЗ, Јован Деспотовски вели дека компанијата за производство на електрични возила нема да користи даночни и ослободувања за придонеси. За бруто платите на речиси 900 вработени, ќе бидат до 2,5 пати поголеми од просечната плата во државата, ќе се користат околу 15% од државната помош.

Според најавите на властите оваа компанија треба да инвестира 130 милиони евра, а од нив дури до 35% да бидат државна помош. Тоа значи дека од буџетот на сите граѓани ќе бидат исплатени над 47 милиони евра. Највите се дека овде ќе бидат вработени 890 луѓе. Тоа значи дека за секој вработен државата би платила фантастични до 52 илјади и 800 евра.

Инаку на свеченото фрлање лопата во знак на почеток на градењето на фабриката во Тетово, се собра целата Влада.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/08/2022 06:28