Денес, се навршуваат 120 години од раѓањето на Методија Андонов Ченто.

За таа цел Ве покануваме денес 17.08.2022 година (среда) со почеток во 18:15 часот во паркот Ченто, каде што пред точно 20 години е поставен споменикот на Методија Андонов Ченто заедно да ја оддадеме наша должна почит кон него.

Покана до граѓаните упати и градоначалникот Бобан Стефковски кој во објава на својата официјална страна на фејсбук напиша:

Запишано е дека "Држава која нема својата историја, има народ без иднина", а Македонија има долга и богата историја која имаме должност да ја негуваме. За таа цел Ве поканувам денес 17.08.2022 година (среда) со почеток во 18:15 часот во паркот Ченто, каде што пред точно 20 години е поставен споменикот на Методија Андонов Ченто заедно да ја оддадеме наша должна почит кон него. - напиша Стефковски

На настанот е потврдено присуството и на членови на семејството на Методија Андонов Ченто.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/08/2022 09:41