Дел од корисниците лоцирани на улиците „Метохиска“, „Гвадалахара“ и „Јован Хаџи Шишков“ во Шуто Оризари денеска ќе имаат прекин во водоснабдувањето.
Како што информира ЈП „Водовод и канализација“, прекинот е поради дефект на приклучна цевка на улицата „Метохиска“ 64.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато се до завршување со санација на дефектот.