Најдобриот француски тенисер Гаел Монфилс објави денеска на Твитер дека поради повреда нема да настапи на последниот грен – слем турнир сезонава, ЈуЕс Опен, кој почнува на 29 август.

– За жал, по последните лекарски прегледи извршени по враќањето во Европа, заклучокот е дека нема да можам да ги бранам своите шанси на ЈуЕс Опен, објави 35-годишниот Французин на социјалните мрежи.

Монфилс, кој е 22-рангиран на АТП листата, го повреди минатата недела десното стапало на турнирот во Монтреал.

Во Монтреал, каде се врати на тениските терени по тримесечна пауза, Монфилс беше принуден да се откажа во осминафиналето, во вториот сет против Џек Драпер (2-6, 2-0).

Минатата година Монфилс испадна во третото коло на ЈуЕс Опен од Италијанецот Јаник Синер.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/08/2022 05:52