Шпанскиот тенисер Рафаел Надал изјави денеска дека Американката Серена Вилијамс (40) е една од најдобрите спортистки на сите времиња.

Американската тенисерка во кариерата освои 23 грен – слем трофеи и најави повлекување од тенисот по завршувањето на Ју – Ес Опен, кој почнува на 29 август.

– Серена е еден од најдобрите спортисти на сите времиња. Среќен сум поради тоа што со неа ја делев мојата тениска кариера. Тажно е што го напушта тенисот, но, од друга страна, не можеме доволно да и заблагодариме за сите работи кои ги направи за нашиот спорт, изјави Надал.

Тој истакна дека и посакува сè најдобро на Серена во животот.

– Мислам дека таа е инспирација за многу луѓе ширум светот и заслужува да избере тоа што најмногу и одговара во оваа фаза од животот, додаде шпанскиот тенисер во изјава за американските медиуми.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/08/2022 05:52