Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ и Косовската железничка инфраструктура ИНФРАКОС АД ќе работат на заеднички проекти од значење за пограничниот појас на двете држави, ќе воспостават заедничка погранична станица и ќе разменуваат искуства.

Директорот на ЖРСМ Инфраструктура, Хари Локвенец и заменик директорот на ИНФРАКОС АД Џеват Рамосај денеска во Скопје потпишаа Меморандум за соработка што ќе биде основа на идните активности.

-Прва активност ќе биде апликација за 700.000 евра грант од Фондот на Европската унија за прекугранична соработка, најави Локвенец.

Рамката за соработка помеѓу двете институции се поставува врз основа на Законот за ратификација на Спогодбата помеѓу владите на двете држави за регулирање на железничкиот сообраќај.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/08/2022 16:16