Според резултатите на истражувањето на Центарот за граѓански комуникации за мерење на степенот на активна транспарентност на државните институции за 2022 година, Општина Илинден е меѓу најтранспарентните инситуции, чија активна транспарентност изнесува 95,7 од 100%.

Со ваквиот процент, Општина Илинден се наоѓа во групата институции со „многу добра“ активна транспарентност, односно исполнување на обврските од над 95% до 100%.

Општина Илинден за само една година ја подобри својата активна транспарентност за речиси 50 процентни поени. Од испитаните 98 државни институции, Општина Илинден е рангирана на 8 место, а меѓу Општините од Скопскиот Регион, годинава се искачи меѓу најдобрите институции со многу добра активна транспарентност, односно рангирана на второто место.

Високата транспарентност се должи на исполнување на критериумите по кои се изврши оценувањето, а тоа се објавување информации на сопствена иницијатива на институциите, а се во интерес на граѓаните. Конкретно, секојдневно информирање за работата на општинските служби, објавување одлуки, записници, службени весници, буџети, јавни набавки, завршни сметки.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/08/2022 12:25