Без вода од девет часот изутрина ќе бидат дел од корисниците на улиците „Лазар Поп Трајков“ и „Бапчор“, најавија од јавното претпријатое „Водовод и канализација“.

Прекинот е поради реконструкција на водоводна цевка на улица „Лазар Поп Трајков“ и ќе трае до завршување на реконструкцијата.

Поради дефект на улица „30/110“, Љуботенски Пат во Радишани, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат и корисниците од оваа улица.

Водоснабдувањето, како што информираат од РЦУК Скопје, ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување со санација на дефектот.

Поради уличен дефект на водоводна цевка на улица „Детелин Војвода“ 1А, денеска со прекинато водоснабдување ќе бидат о корисниците на оваа и на улиците: „Црноризец Храбар“, „Митре Влахот“, „Блажо Орландиќ“, „Кресн“, „Илија Димовски-Гоце“, „Буковиќ“ и „Димитар Македонски“.

Водоснабдувањето, како што информираат од РЦУК Скопје, ќе биде прекинато од 09:40 часот до завршување на дефектот

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ известува дека денеска од 11:30 часот, поради дефект на улица „Радишанска Лево“, 3/бб (Бел Камен), прекинато водоснабдување имаат и корисниците на дел од истата улица.

Водоснабдувањето е биде прекинато до санација на дефектот.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/08/2022 13:42