УЕФА одреди унгарски судии за реваншот на Шкупи против Балкани идниот четврток во Приштина во рамки на реванш натпреварот од баражот за пласман во Лигата на конференции.

За главен арбитер е назначен 43-годишниот Иштван Вад, кој суди со знакот на ФИФА и УЕФА од 2007 година, а во кариерата ја делел правдата на натпревари во групната фаза на Лигата на шампиони и Лига Европа.

Шкупи на првиот натпревар одигран вчера на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје загуби со пресврт со 2-1.

Поуспешниот тим од пресметката меѓу Шкупи и Балкани ќе обезбеди место во групната фаза во УЕФА К0нференциската лига.

Жрепката за составот на групите е закажана за 26 август во Нион.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/08/2022 15:08