Во Македонска Каменица се одржа првиот ФИБА3×3 турнир ,,Streetball Kamenica”, на кој настапија реномирани македонски тимови. Победник на турнирот е екипата на Каса-Бар од Скопје, која го совлада тимот на Кино Влае исто така од Скопје.
– Организациски, турнирот беше на високо ниво, а Македонска Каменица е ставена на мапата на fiba3x3 и веќе се планираат нови турнири за зимскиот период, но и за наредната година, кои ќе бидат од меѓународен карактер, соопшти организаторот.
На огромно задоволство на локалната публика, бронзените медали им припаднаа на членовите на каменичкиот тим Деметра Дент. Искуството од организацијата на овој турнир како што додадоа организаторите е драгоцено и ќе овозможи уште поквалитетни идни изданија.
Турнирот кој беше планиран да биде дводневен, поради лошите временски услови се играше до доцна во ноќта во спортската сала при ООУ Св.Кирил и Методиј” во М.Каменица. Организацијата на турнирот беше овозможена од Општина Македонска Каменица, Рудник Саса, КИЦ Романса, ООУ Св.Кирил и Методиј и КК ,,Баскет Кам”.