На падините на планината Баба, на патеката од Копанки до Детското одморалиште, викендов се одржаа финалните трки на десеттиот по ред „Пелистер Даунхил Куп“.

Годинава е регистриран рекорден број учесници и се натпреваруваа 84 домашни и странски „бајкери“-велосипедисти кои викендов престојуваа на Пелистер.

Велосипедистите кои возат во ридско-планински услови, се натпреваруваа во шест категории, а прв пат имаше категорија во која се натпреваруваа припадничките на понежниот пол.

Во категоријата елита, најдобро време постигна Андреас Теодору од Кипар, во категоријата хоби Кристијан Угриновски од Македонија, кај јуниорите најдобар беше 15-годишниот Марко Ламарис од Грција, во категоријата мастер Јовче Даскаловски од Македонија, во мини јуниори Георги Атанасов од Бугарија и кај жените со најдобро време беше Гркинката Евелина Зафеири.

Настанот го организираше Екстрим бајк тим од Битола, а наградите ги додели градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/08/2022 09:24