Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска со градоначалникот на Општина Чучер Сандево, Сашко Комненовиќ ќе извршат увид во спроведувањето на социјалната услуга „помош и нега во домот“ во оваа општина, посетувајќи корисници на услугата која е дел од социјалната реформа спроведувана од Владата во соработка со општините во земјава.

Како што соопштуваат од МТСП, во рамки на увидот, министерката Тренчевска ќе посети и корисник во Општина Бутел на ул. Петар Манџуков бр. 29.

На увидот ќе присуствуваат и претставници на Здружението на граѓани „Адра“, кое е директен давател на услугата „помош и нега во домот“ во двете општини.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/08/2022 09:34