Освојувачот на Мастерсот во Синсинати, Борна Чориќ, се искачи за 123 позиции на најновата АТП ранг-листа објавена претпладнево. Сега Хрватот се наоѓа на 29. место.
Во топ 5 се врати финалистот од Синсинати, Стефанос Циципас, во Топ 10 влезе Камерон Нори, а испадна Андреј Рубљев.
Пласман на првите 10 тенисери во светот: 1.Даниил Медведев (Русија) 6.885 бодови 2.Александар Зверев (Германија) 5.760 3.Рафаел Надал (Шпанија) 5.630 4.Карлос Алкараз (Шпанија) 5.190 5.Стефанос Циципас (Грција) 4.890 6.Новак Ѓоковиќ (Србија) 4.770 7.Каспер Руд (Норвешка) 4.695 8.Феликс Оже-Алиасим (Канада) 3.625 9.Камерон Нори (Велика Британија) 3.415 10. Хуберт Хуркач (Полска) 3.355.