Распределба и прецизирање на обврските за реализација на годинашното издание на Охридксиот пливачки маратон денеска беа направени на координативен состанок со претставници на локалната самоуправа, охридските пливачки клубови и Пливачката федерација на Македонија.
На состанокот, што се одржа во Општина Охрид, присуствуваше и охридскиот градоначалник Кирил Пецаков, а е договорено да се формира Организациски одбор за успешна реализација на Маратонот. За координатор на активностите, општинската прес-служба соопшти дека е поставен Ристе Јанкоски.
Градоначалникот Пецаков, меѓу другото ја истакна важноста за Охрид и охриѓани од одржувањето на маратонот, давајќи силна поддршка за успешно издание.