Кина денеска успешно лансираше нов сателит во вселената од Центарот за лансирање сателити Ксичанг во југозападната кинеска провинција Сечуан, објави агенцијара Ксинхуа.
Сателитот Чуангсин-16, развиен од Кинеската академија на науките, беше лансиран во 10:36 часот (време во Пекинг) со ракета-носач Куаиџу-1А и успешно влезе во планираната орбита.
Сателитот главно ќе се користи за научни експерименти и за тестирање нови технологии.
Лансирањето беше 16-та мисија од серијата ракети Куаиџу-1А.