Неколку илјади корисници на Фејсбук известуваат дека нивниот профил изгледа чудно утрово, а некои пријавуваат дека е можно да е хакиран или не можат да пристапат до него.

Корисниците на оваа и на другите социјални мрежи пишуваат дека почетната страница со новостите утрово била преплавена со објави од непознати луѓе, на пр. што објавуваат на Фејсбук-страниците на познатите лица, како Тејлор Свифт, Еминем или Гордон Ремзи… Или вести од Африка или Индија…

Проблеми се пријавени и на страницата „Даун детектор“ (Down Detector).

Фејсбук не излезе со објаснување на проблемот, но интернетот е преполн со објави од луѓе кои се обидуваат да одгатнат што се случува на Фејсбук.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/08/2022 12:31