Извршниот директор на Формула 1, Стефано Доменикали, изјави дека трка за Големата награда на Белгија би можела да се одржи и следната година.
Календарот за сезоната 2023 допрва треба да се финализира и остануваат шансите трката во Спа да го задржи своето место. Договорот на Ф-1 со организаторот на трката во Белгија истекува оваа година.
– Не можам да коментирам премногу додека се водат преговори. Календарот треба да биде одобрен од Светскиот совет и ФИА. И никогаш не сум тврдел дека Белгија ја одржува последната сезона. Работиме и преговараме со промоторите. Ф-1 сака да најде рамнотежа: да помине најмалку една третина од трките во Европа, една третина на Далечниот исток, уште една третина во Америка и Блискиот Исток. Се разбира, разговараме за деловни прашања, за финансиската компонента, ова е многу важно, но секогаш сме зборувале дека многу ги почитуваме класичните трки, иако тие не можат да донесат исти пари како другите. Ако се сеќавате, имаше периоди кога Белгија испаѓаше од календарот, па се враќаше, изјави Доменикали.
На патеката „Спа“ в недела од 15 часот ќе се вози трка од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Белгија.