Нова водоводна мрежа во Горно Лисиче

Со инвестиција од над 9 милиони денари на Општина Аеродром и ЈП „Водовод и канализација“, стотици жители од населбата Горно Лисиче конечно добиваат приклучување на градската водоводна мрежа.

Заедно со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, директорот на ЈП „Водовод и канализација“ Златко Перински и претседателот на Советот на Општина Аеродром, Дејан Митески утрово ја посетивме оваа локација и остваривме средби со локалните жители. Станува збор за проект чија цел е поставување на водоводна мрежа од околу 580 метри, а со истиот ќе се обезбеди поквалитетно водоснабдување за жителите од овој дел на Општина Аеродром.

Во рамките на овој проект предвидено е да се реконструира водоводната мрежа на улиците Ѓорѓи Капчев и околните краци кои до сега не беа опфатени со овој вид мрежа (ул. Лисец, ул. Ѓорѓи Капчев 1 со краци, ул. Ѓорѓи Капчев 16, 16-а и 22, како и дел од ул. Божин Николов, ул. Тодор Чангов 52 и Ѓорѓи Капчев 35).

Секој дел од Општина Аеродром е еднакво важен и ќе продолжиме со инвестициите согласно потребите на граѓаните. Продолжуваме да работиме посветено на создавање на модерна општина!



Автор: Администратор
Објавено на: 25/08/2022 13:02