Македонската репрезентација вечер од 20:30 часот ќе се соочи со Словенија во 2. коло на Европското првенство за одбојкарки до 19 години кое се одржува во Скопје.
Во првото коло, Македонките синоќа во арената „Борис Трајковски“ загубија Финска со 3:0 (25:10, 25:19, 25:20).
Мери Бошковска со 11 поени беше најефикасна во домашниот состав, Добрина Хаџи Тосева освои шест, по четири заработија Ива Стојкоска и Мила Долдурова, Мила Вакувска заврши со три, Анастасија Овнарска со два, а Марија Пакетова со еден поен.
Словенките исто така вчера, во 1. коло загубија. Подобра од нив беше селекцијата на Италија со 3:1.