Во текот на вчерашниот ден казнети се 57 возачи на територијата на СВР Битола во спроведената засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната.

Од нив, 38 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 19 надвор од населено место. На сите прекршители, информираат од МВР, изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/08/2022 09:30