Во скопското село Морани, полицијата вчера го привела Х.Т.(20) од с.Студеничани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“, соопшти МВР.
При извршен преглед во патничко моторно возило „пасат“, кое пријавениот го управувал, и во кое било и уште едно женско лице, биле пронајдени предмети од извршени кривични дела. По целосно документирање на случајот против Х.Т. ќе биде поднесен соодветен поднесок.