На 28.08.2022 во 22,00 часот во Полициска станица Охрид, 17 годишна охриѓанка пријавила дека во aприл 2022 во близина на маркет во Охрид А.Ј. (кого го познавала од претходно) физички ја нападнал и ја бакнувал, а се обидел и да ја допира по телото, но тaа го спречила и се оддалечила од местото на настанот.

Потоа во јуни 2022 година во угостителски објект во Охрид А.Ј. физички ја нападнал. За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/08/2022 05:04