Петтиот рекет на светот Стефанос Циципас од Грција во првото коло на УС Опен загуби од Колумбиецот Даниел Галан-Риверос кој е 94-ти на светската ранг-листа, со 1:3, по сетови 0:6, 1:6, 6:3, 5:7. Средбата траеше 2 часа и 43 минути.

Циципас имаше пет аса, четири двојни грешки и две реализирани брејк топки од девет шанси.

Во второто коло Галан-Риверос ќе се соочи со Џордан Томпсон од Австралија. Шпанецот загуби од Џон Џефри (САД) со 3:0.

На машкиот дел на Грен слемот во Њујорк, елиминиран во првото коло е и 16.носител, Роберто Баутиста-Агут.

Наградниот фонд на УС Опен изнесува 60 милиони долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/08/2022 10:43