Полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце на 27 и 28 август годинава констатирале непочитување на законите кај три автобуси кои вршеле меѓународен превоз на патници.

Како што информира МВР, при контрола на автобус со кумановски регистарски ознаки, управуван од Р.А.(52) од Куманово, автобус со тетовски регистарски ознаки, управуван од Б.К.(43) од Тетово и автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од В.Т.(67) од Скопје било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација.

-Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и правните лица, соопшти МВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/08/2022 11:01