Санкционирани се 198 возачи во текот на вчерашниот ден во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.
Од нив 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, информираа од МВР, 101 возило ја пречекорило брзината во населено место, а 97 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.