Советот на Општина Аеродром на вчерашната 15. седница го усвои ребалансот на буџетот за 2022 година, а со овој чекор се отвори патот за реализација на голем број мерки и проекти што се од големо значење за аеродромци.

Ребалансот на буџетот е креиран во насока на кратење на непродуктивните трошоци и нивна пренамена за инвестиции во развојни и капитални проекти.

Меѓу работите кои граѓаните можат да ги очекуваат во наредниот период се:

- Доградба на основните училишта „Блаже Конески“ и „Гоце Делчев“

- Нов парк од 6000 квадратни метри

- Нов плоштад и уредување на целиот простор зад „Капитол мол“

- Изработка на проекти и отпочнување на процесот за изградба на ДВЕ нови градинки

- Нови детски и спортски игралишта

- Економски пакет мерки за граѓаните на кои им е најпотребно, обезбедени преку скратените средства за репрезентација, патувања и други непродуктивни трошоци.

Промените се случуваат. Аеродромци секојдневно сведочат на еден нов, економичен и рационален начин на управување со Општина Аеродром и финансиите на општината. Приоритет на администрацијата е да се изнајде начин, дури и во време на економска и енергетска криза, да се реализираат сите проекти предвидени во програмата.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/08/2022 11:27