На 30.08.2022 во 01.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода И.М.(36) од Куманово, кој претходно бил пријавен дека побегнал од Казнено-поправната установа Затвор Кшање, каде издржувал затворска казна.

По приведувањето, лицето било вратено во установата за доиздржување на затворската казна.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/08/2022 12:25