Обвинителството во бугарскиот град Бургас соопшти за дописникот на МИА, дека побарало притвор за 60-годишниот македонски државјанин, кој беше упсен во неделата за шверц на 88 Авганистанци.

Тој е обвинет дека се обидел да прошверцува преку Бугарија поголема група авганистански државјани. Претстои Реонскиот суд во Бургас да закаже датум за судско рочиште.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/08/2022 13:30