Поради дефект на крстосницата на улицата „Живко Фирфов“ со „Волтерова“, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат и корисниците на дел од овие две улици и на ул „Марија Кири Склодовска“.
Од РЦУК Скопје информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 13:00 часот до санација на дефектот.