Приватен субјект со камион без дозвола неовластено влегол на плоштадот „Македонија“, по што е причинета штета на плочникот.

Град Скопје остро го осудува овој чин и најави дека ќе ги преземе сите законски мерки за извршување на инспекциски надзор и за санкционирање. За причинетата штета врз јавните добра на плоштадот, како што се наведува, ќе се бара надомест на штета.

-Ваквото однесување од страна на поединци е недозволиво и за тоа ќе се спроведат најстроги санкции, се вели во соопштението од Град Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/08/2022 03:43