Полицијата вчера на територија на град Скопје изрече вкупно 132 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 14 санкции, осум мерки за возење без возачка дозвола, 25 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.
Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон, четири санкции за нерегистрирани возила, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…
МВР соопшти дека засилените акциски контроли во сообраќајот продолжуваат. Апелираат до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.