Вчера, се оддржа 15 седница на Советот на општина Гази Баба.

За оддржаната седница градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

Советот на општина Гази Баба ја одржа 15тата седница!

Вчера, 30.08.2022 година Советот на општина Гази Баба ја одржа својата 15та седница.

На седницата беа разгледани и усвоени годишните извештаи за работата на Општинските основни училишта на територија на општина Гази Баба, како и програмите за новата учебна година и програмите за реализација на екскурзии и вонучилишни активности.

Покрај ова на вчерашната седница, Советниците ја прифатија мојата предложена одлука за измена на програмата за Урбано планирање во која се зголемија средствата предвидени за рехабилитација и изградба на улици и средствата со кој општина Гази Баба партиципира во изградбата на Дневниот центар во Железара.

Со усвојувањето на извештаите и годишните програми за работа на училиштата, општина Гази Баба е подготвена за почетокот на новата учебна година! - напиша Стефковски



Автор: Администратор
Објавено на: 31/08/2022 09:55