Со општинските служби и денес сме на терен.

По синоќешната интервенција на кризниот штаб која траеше до доцна во ноќта и во која беа преземени интервентни мерки и надминати поголемите проблеми, денес се работи на отстранување на паднати гранки и зеленило, со цел состојбата сосема да се врати во нормала.

Во општина Кисела Вода е креиран тим за комуникација со граѓаните кои претрпеа штета, во главно од силниот ветар кој однесе настрешници, гранки и откорна делови од покриви.

Ги упатуваме дека штетите можат да се пријават во општина Кисела Вода, барака 12, соба 4, кај лицето Далибор Стојановски или на телефон 070/259-873.

Воедно, ги известуваме граѓаните дека будно ја следиме метеоролошката состојба, на располагање се ставени сите расположиви ресурси на општината, а во интензивна комуникација сме и со јавните претпријатија и службите на Градот со цел да се превенираат последици при евентуално повторно невреме.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/08/2022 13:34