Продолжуваме на терен заедно со граѓаните до целосно расчистување на штетите и последиците од невремето кое ја зафати нашата општина вчера.

Општинските работници се цело време на терен со сите расположливи ресурси вклучувајќи ја и механизацијата.

Ќе бидат отстранети сите дрва, гранки и останати предмети кои го попречуваат движењето на нашите граѓани.

Останува отворена телефонската линија 075274421 на која граѓаните можат да пријават проблеми од невремето.

Општинскиот кризен штаб ја следи целата ситуација, а во интезивна комуникација сме со Град Скопје и јавните претпријатија и службите.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/08/2022 13:44