На поширокото тетовско подрачје денеска во периодот од 8 до 12 часот беше спроведена акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници, со која вкупно биле опфатени 33 вакви возила, информираат од МВР.

При контролата било утврдено дека осум од нив имале неисправни сопирачки, претежно комбиња и такси возила, кои веднаш се исклучени од сообраќај и на кои им се изготвени законски предвидените поднесоци. Санкционирани, исто така, биле и 11 други видови сообраќајни прекршоци.

Секторот за внатрешни работи Тетово со почетокот на новата учебна година уште повеќе ќе ги засили овие контроли, зашто со автобуси и комбиња од и кон училиштата секојдневно се превзуваат голем број ученици од тетовските основни и средни училишта.

– Поради тоа, до нивните сопствениции оние кои ги управуваат се апелираат навреме да ја проверат техничката исправност, да ги отстранат евентуалните недостатоци и исклучиво да ги управуваат лица со положен возачки испит и валидни возачки дозволи. Секој недостаток на овој план ќе биде санкциониран,а возилата ќе се исклучуваат од сообраќај, се наведива во соопштението.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/08/2022 14:52